Ја продава венчаницата за да собере пари за развод: „Фустанот е подолг од мојот брак“

Бесна жена насмеала многумина со својот урнебесен оглас. На Фејсбук Маркетплејс штотуку се одвила вистинска љубовна драма.
Имено, анонимна жена од Манчестер одлучила на малку необичен начин да собере пари за развод од, како што вели, „патолошки лажго“.
На продажба ја ставила венчаницата која ја носела на денот на нивната венчавка, а сите ги воодушевила со хумористичниот оглас под назив „Катастрофа“.
За венчаницата која е украсена со чипка и со деколте во вид на срце, платила 899 фунти, а сега за неа бара 450. Истакнала и дека фустанот „подолг од нејзиниот брак“.


„Венчаницата е со големина 18, а би можела да одговара и на големина 14/16 и на неа не се правени никакви промени… За разлика од мојот живот“, напишала фрустрираната жена која моментално наводно е во нова врска, а одлучила да ја задржи за себе вистинската причина за разводот.
„Би препорачала да најдете добро хемиско чистење, за да се решите од сета лоша среќа која доаѓа со неа“, пишува на огласот.
Споделила неколку фотографии од венчаницата, но ги замолила потенцијалните купувачи да не ѝ бараат дополнителни фотографии.
„Оваа венчаница не можам да ја гледам исто како и мојот поранешен сопруг“, напишала таа.
Истакнала дека сите пари кои ќе ги добие од продажбата, планира да ги вложи во плаќање за разводот, а нејзината објава за само неколку часа е споделена повеќе од 4.000 пати.

Loading...