Ја продале куќата, купиле комби и го претвориле во дом од бајките: Со малку креативност и добра организација сè е можно

Loading...

Мерипјер и Доминик од Канада одлучиле да го обиколат цел свет и потполно да ги променат своите животи. Тие ја продале својата куќа, купиле комби и го преуредиле во вистински мал дом на 4 тркала.
Цела заштеда и парите кои им останале од продажбата на куќата ќе ги потрошат, шетајќи низ светот. Отсекогаш сакале авантури, па така секоја година поминувале некаде во странство по 2 месеци.
Кога патувале, изнајмувале куќа, апартман или преноќувале во хотели, а потоа дошле до идеја да имаат сопствен подвижен дом со кој би го шетале светот. Тогаш одлучиле да купат комби и да го преуредат.
Парот сфатил дека така ќе може да посети што повеќе места, со помалку пари, а ќе може да преноќи каде и да посака.
Со помош на семејството и пријателите, Мерипјер и Доминик за кратко време го претвориле комбито во дом и започнале да ги посетуваат најинтересните предели на земјата.
Во комбито има сè – од кујна и купатило до трпезарија која навечер се претвора во спална соба.
Погледнете како изгледа нивниот дом на 4 тркала:

loading...