Јелена Карлеуша доживеа слом, на сред проба плачеше на цел глас!

Јелена Карлеуша по порно скандалот од петни жили се труди да продолжи со нормалниот живот, и да им се посвети на работата и семејството. Вредно работи на пробите за натап на церемонијата на доделување на првите регионални музички награди, но ни тоа не и оди според плановите.
Извор од местото на настанот тврди дека за време на првата проба таа по телефон се испокарала со својот сопруг и во солзи ја напуштила салата. Душко и се јавил на телефон и неколку минути и викал, по што пејачката доживеала емотивен слом.
– Јелана со својот менаџер пред два дена дојде на првата проба и беше добро расположена. Потпевнуваше, не прекинуваше да се смешка, и на сите им раскажуваше дека со Душко е во супер односи и дека ќе ја преброди оваа криза. Исто така, штом стигна бараше од организаторот да бидат ефикасни и брзи, затоа што на мајка и и е роденден и сака да го прослави вечерта. Меѓутоа по еден час и се јави сопругот, а судејќи по изразот на нејзиното лице, не и соопшти добри вести, откри изворот кој во тој момент беше покрај неа и слушна што разговараат.
– Штом му се јави тој почна да и вика и првите неколку минути Јелена само молчеше. Разговорот не траеше долго, но по нејзината реакција се виде дека вестите не се добри и дека таа е готова да заплаче. Кога виде дека сите ја гледаат се тргна на страна и почна да вика во слушалката, но и да плаче. Не беше пријатно, а сите знаеја дека не ја чека нешто добро штом така реагира. Се врати расплакана и хистерично викаше дека мора да ја напушти пробата и дека не знае дали веќе ќе може да доаѓа. Истрча како молња, а додека излегуваше му зборуваше на менаџерот дека не знае што ќе прави понатаму, и дека веќе не може да ги трпи пресијата и нападите на Душко. Организаторите останаа занемени, не знаеја како да реагираат ни што точно се случи. Колегите си дошепнуваа и го коментираа нејзиното однесување, а на сите начини се обидуваа да сфатат што тоа толку ја потресе за на цел глас да плаче пред сите, во разговор раскажа изворот и објасни:
– По порно-скандалот Душко одлучи да остане во брак со Јелена, но ја услови дека мора се да демантира, и да не презема никакви глупави и непромислени потези. Се повлече во Кина и таму беше мирен, меѓутоа, бидејќи скандалот доби светски размери, веста дека неговата сопруга му е неверна стигна и до Кина. Откако кинеските медиуми почнаа да пишуваат за аферата на неговата сопруга и во целост да ги пренесуваат пораките кои таа ги разменувала со неговиот помлад колега, целосно полуде. Овој скандал ја наруши репутацијата на Душко, а фудбалерот се исплаши дека тоа може да влијае на неговиот договор, кој требаше да му носи по осум ипол милиони евра годишно и да трае до 2021. година. Тој бараше од Јелена веднаш да се спакува и да оди кај него за да решат што ќе биде со нив. Таа тоа тешко го поднесе, затоа што откако се ова се случи  постојано трпи психичко насилство и закани од Душко, а тоа многу тешко го поднесува, откри добро информираниот извор.
Бидејќи аферата поприма континентални димензии и има секојдневно нови информации, се за КАРЛЕУША ПРОЧИТАЈТЕ СЕГА И ТУКА

Loading...