Јефтиќ прозван од опозициска партија за криење на анкетниот лист! Што крие го прашаа?

– Бројни функции, високо платени позиции, но анкетниот лист е таен, имотот е таен. Што крие Јевтиќ? Која е причината што еден правник, лице кое треба да е заштитник на правдата, го крши правото? Дали СДС му ја гарантира неказнивоста и дали има и други имоти – праша пратеникот Петрушевски.

Името на адвокатот Јевтиќ се најде во фокусот на јавноста откако ВМРО-ДПМНЕ почна да објавува кои функционери од СДСМ и ДУИ наводно прикривале имот. Според најавите од партијата се работи за 123 функционери и имот во вредност од околу 30 милиони евра.

Опозициската партија понатака на прес конференција истакна: адвокатот Јевтиќ покрај ангажирањето од страна на функционери на СДС за пишување на тужби за навреди и клевети, е и член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил. Истиот тој адвокат кој што сигурно треба да знае дека треба да достави анкетен лист до Антикорупциска, го крие, а поседува стан во Скопје, основач е на адвокатското друштво Тошиќ – Јевтиќ, а од 2020 година ја основал и градежната компанија ФИЗ Констракшн ДООЕЛ Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.