Јоци: САД ја спасија Македонија од крвопролевање, Мицко со Александар Николовски не доаѓа на власт!

Кој ја спаси Македонија од крвопролевање на 27 април во 2017?
Американците.
Тоа може да го прочитате во книгата ,,Служби” од српскиот разузнавач на БИА, Горан Живаљевиќ, дел од дипломатскиот персонал во Скопје во 2017, кој беше протеран од Македонија потоа.
ℹ Човекот сам ни кажа дека влегол во Собрание и направил селфи, со дозвола за влез од кабинетот на Ѓорге Иванов.

ℹ Кој не го разбира ова, дека САД тука владее неприкосновено 70 години и они спречуваат катастрофи, навистина – жалам.
Разни други глупости, кутлеши, путинизми, антиНАТО, враќање име, нема да помине никогаш! На ниеден начин, ве залажуваат, док други трпаат кеш од сомнително бизнис лоби за паради со 20 души и емисиички кои ги гледаат 150 луѓе!
Тргнете се од таквите на време. Ако имате мозок.

РЕПРИНТ:
Македонија преживеа и не и` се случи војна на 27 април, 2017, благодарение на САД. И тоа е вистината.
Извадок од книгата ,,Служби” од српскиот разузнавач на БИА во Скопје, Горан Живаљевиќ, чиј контакт во Македонија за размена на информации цело време бил Синиша Алексовски, во тоа време советник на Ѓорге Иванов, како што самиот пишува во својата книга.
Секако, тој има и многу други контакти и тоа го има во извештај на УБК (јавен документ, но цензуриран).

Живаљевиќ, тврди, влегол во Собрание на 27 април со дозвола на Алексовски.
По ова, Иванов демантираше (истиот кој никого од вмровци не амнестираше), а Живаљевиќ – беше протеран од земјава.

📌 Алексовски, кој одамна не работи во Агенцијата за разузнавање и Александар Николоски, актуелниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, се во кумски врски.
И не ја научија лекцијата. И тоа е тоа.
И нема да ја научат.
И сè додека они се таму, вмровци власт нема да помирисаат.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.