Јувентус му понуди договор на Ибрахимовиќ

Loading...

Италијанскиот шампион Јувентус му понудил договор на напаѓачот на Пари Сен Жермен, Златан Ибрахимовиќ.Според „Газета дело Спорт“, челниците на ’старата дама’ на Ибрахимовиќ му понудиле четиригодишен договор вреден седум милиони евра по сезона, плус одредени бонуси.Претходно генералниот менаџер на Јувентус, Бепе Марота изјави дека клубот не може да ги испочитува финансиските барања на Ибрахимовиќ, чија годишна плата во ПСЖ изнесува 12 милиони евра.Во вторникот, менаџерот на фудбалерот, Мино Риаола, изјави дека Ибрахимовиќ ќе замине од ПСЖ, доколку клубот не донесе нови играчи, или доколку си замине тренерот Карло Анчелоти.Златан Ибрахимовиќ беше член на Јувентус во периодот 2004-2006, екипата ја напушти поради аферата „Калчополи“, кога Јувентус беше префрлен во Серија Б.
МакфаксИталијанскиот шампион Јувентус му понудил договор на напаѓачот на Пари Сен Жермен, Златан Ибрахимовиќ.Спор

loading...
Loading...