Југото наполни 40 години

Loading...

Муабетот е дека новиот автомобил морало да биде спремен за прославата на Денот на Републиката.
Според архивата, биле потребни дури 17 дена за да се комплетира автомобилот, имајќи предвид дека првата шасија била завршена на 11 ноември.
Првиот примерок на југо 45 бил изработен рачно на 2 октомври 1978 за потребите за презентацијата на претседателот Тито. За автомобил на годината е прогласен во 1981, а во периодот од 1980 до 2008 година составени се вкупно 794.428 примероци од југото.
Рекордна година била 1989, со вкупно произведени 118.237 примероци.
Рекордно месечно производство било во декември 1988 со произведени 12.623 примероци, додека дневниот рекорд бил на 26.12.1988 со произведени 539 „југовци“.
Последниот примерок што се симна од лентата на Застава во Крагуевац беше корал 1.1 економик, со темноцрвена боја. Тоа се случи на 11 ноември 2008 година.

loading...