ЈУЛИЈА ТИМОШЕНКО: Мирот е илузија, Третата светска војна веќе е започната!

Надежите за мировен договор со Владимир Путин се „обични илузии“, изјави за британски Телеград Јулија Тимошенко, лидерот на Портокаловата револуција во Украина во 2004 година.

Според Тимошенко:

На прашањето на Телеграф дали поддршката на британскиот премиер Борис Џонсон за Украина претставува ризик НАТО да биде вовлечен во Трета светска војна, Тимошенко беше директна: „Ние сме веќе во Трета светска војна, бидејќи сега 50 земји стојат зад Украина. Ни треба повеќе оружје за да се уништи руската армија на украинска територија.Тоа ќе биде крајот на режимот на Путин, бидејќи рускиот народ нема да толерира таков пораз“.

Тимошенко, која дојде на власт како премиер за време на првиот украински бунт против Кремљ, предупреди дека секој договор со кој ќе се отстапи дел од територијата на Украина на Владимир Путин само ќе го охрабри рускиот претседател дополнително да ја заземе земјата.

Единственото решение, според Тимошенко, е да се „заврши“ со целосно уништување на руската армија и покрај евидентното зголемување на бројот на загинати украински војници, пишува Телеграф.

Според британскиот весник, нејзините изјави се еден вид укор за западните лидери кои навестија дека откажувањето од делови од Донбас би било неопходен компромис за мир.

Франција и Германија се отворени за идејата дел од украинската територија да и се даде на Русија, и покрај острите коментари по самитот на Г7 кога францускиот претседател Емануел Макрон рече дека „Русија не може и не смее да победи“.

Тимошенко стравува дека како што расте економската цена на конфликтот за Европа, иницијативата за туркање на Киев кон мировен договор ќе стане сè попопуларна.

„Изненаден сум што некои земји продолжуваат да се залагаат за политика на попуштање пред Путин. Ова е неприфатливо за цела Украина. Мировниот договор е илузија, единствениот излез е победата во битката. Секој мировен договор ќе биде прв чекор кон следната војна“, рече таа.
Тимошенко додаде дека, и покрај загубите, Путин сака да ја продолжи војната со надеж дека на крајот ќе се појават поделби во НАТО. Таа ги поддржа апелите на украинскиот лидер Володимир Зеленски за Западот да испрати што е можно повеќе проектили во Украина со цел донекаде да се балансира рамнотежата на силите во Донбас.

Украинските сили губат и по 100 војници дневно во Донбас овие денови.

Политичката кариера на Јулија Тимошенко многу добро го опишува нестабилниот постсоветски пат на Украина, период поделен со внатрешни конфликти, како и интервенции на Москва, пишува Телеграф.

Во 2004 година, Тимошенко учествуваше во Портокаловата револуција, што доведе до масовни улични протести кои ги поништија изборите наместени во корист на прорускиот кандидат Виктор Јанукович.

Тимошенко тогаш ја нарекуваа словенската „Јованка Орлеанка“, а нејзините плетенки беа копирани на светските модни писти.

Сепак, Портокаловата револуција брзо се претвори во внатрешни судири, дозволувајќи му на Јанукович да ја преземе власта во 2010 година.

Тогаш Тимошенко беше осудена на седум години затвор под обвинение за злоупотреба на службената положба. Таа рече дека обвиненијата се политички мотивирани и дека е ослободена по вториот прозападен бунт во Украина во 2014 година, кога Јанукович побегна во Русија.

Тимошенко загуби од Зеленски на изборите во 2019 година, но го поддржа по руската инвазија во февруари.

Поранешниот украински премиер смета дека е многу веројатно Русија да се обиде да ги окупира другите соседни земји, пред се Молдавија, Белорусија, Грузија, Казахстан, како и скандинавските и балтичките земји.

„Мојот совет до тие земји би бил да не губат време и да почнат да градат силни вооружени сили и да станат членки на НАТО ако веќе не се“, рече таа.

Тимошенко исто така смета дека Путин е подготвен да употреби нуклеарно оружје.

Според неа, рускиот лидер можеби не е доволно самоубиствен за да употреби нуклеарно оружје против членките на НАТО, но може да употреби мало тактичко нуклеарно оружје во Украина, сметајќи на тоа дека Западот нема да одговори.

Подготвен е да ги премине сите линии и да игра против сите правила, тоа е изворот на неговата сила“, рече Тимошенко.

На прашањето на Телеграф дали поддршката на британскиот премиер Борис Џонсон за Украина претставува ризик НАТО да биде вовлечен во Трета светска војна, Тимошенко беше директна: „Ние сме веќе во Трета светска војна, бидејќи сега 50 земји стојат зад Украина. Ни треба повеќе оружје за да се уништи руската армија на украинска територија.Тоа ќе биде крајот на режимот на Путин, бидејќи рускиот народ нема да толерира таков пораз“.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.