Јункер “импресиониран од храброста“ на Заев и Ципрас

На прес-конференција со романскиот претседател, Клаус Јоханис одговарајќи на новинарско прашање претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер изјави дека е “импресиониран од храброста“ на Зоран Заев и Алексис Ципрас. Јункер ги повика Грција и Македонија да го завршат процесот за името во определените рокови, пренесе МИА.
-Ретки се оние кои пред историјата носат таква одговорност и би сакал овој процес да биде заклучен успешно и во определените рокови, можам само да ги охрабрам двете земји, двата Парламенти да го направат тоа што историјата го бара од нив, изјави Јункер.