Љаиќ: Аферата со млекото нанесе штета од 125 милиони евра

Loading...

Аферата со млекото во Србија би можела да нанесе штета меѓу 100 и 125 милиони евра, изјави во четврток српскиот вицепремиер и министер за надворешна и внатрешна трговија и телекомуникации Расим Љаиќ.

„Преку нашите анализи дојдовме до податоци дека значително опаднал извозот на млеко и млечни производи”, рече Љаиќ, одговарајќи на пратенички прашања и додаде дека некои млекари целосно го запреле извозот, а во некои млекари извозот е намален за 37 отсто во однос на минатата година.
Љаиќ рече дека прометот во малопродажбата значително опаднал и тоа од пет до 27 отсто од почетокот на кризата до сега, во зависност за кој малопродажен објект станува збор.
Макфакс
Аферата со млекото во Србија би можела да нанесе штета меѓу 100 и 125 милиони евра, изјави во

loading...
Loading...