Љубовен јазик на телото

Loading...

Гестикулацијата навистина зборува повеќе од зборовите … Прочитајте дали е варен или печен
Навалувањето на главата
Главата ја навалува на лево или на десно рамо додека ве гледа. Игрив гест што зборува за него како за  мало момче, “Јас сум безопасен … дозволи да бидам блиску до тебе” и секако дека со тоа го предизвикува женскиот мајчински инстинкт. Не е ни чудно што одеднаш имате потреба да се грижите за него.
Испружена дланка
Кога ќе ја упати неговата дланка кон вашето лице, знаете дека се закачил. Буквално допира до личноста со која разговара со цел со неа да се поврзе на едно подлабоко емоционално ниво.
Подигнување на рамото
Ако сеуште не можете со сигурост да кажете дека е луд за вас, не го игнорирајте ова: рамениците се многу експресивни заради трапезоидите (група на мускули помеѓу вратот и рамото) која е поврзана преку посебни нерви со емоционалните центри на мозокот. Мускулите се подигнуваат и спуштаат сами како знак на интензивни емоции.
Подигнување на веѓите
Кога човек поздравува некој со кој е емотивно поврзан, тој автоматски ќе ги подигнува и спушта веѓите притоа брчкајки го челото. Да го забележите ова, треба да ги држите очите ширум отворени и внимателно да ги следите сите промени, бидејќи овој флеш на веѓите, како што го нарекуваат антрополозите, се одигрува многу брзо, неверојатно брзо.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Гестикулацијата навистина зборува повеќе од зборовите … Прочитајте дали е варен или печен

loading...