Љубов која трае 70 години

Loading...

Овој пар доста сериозно го сфатил брачниот завет кој се однесува на заедничкиот живот “и во добро и во зло”.
85-годишната баба веќе десет години се бори со бубрежни заболувања и други здравствени проблеми.
На 95 – годишниот дедо сега му е дијагностицирана леукемија и рак на белите дробови. Лекарите му дале само неколку месеци живот, а сега се повторува истото сценарио како и минатата година кога тој на неколку наврати го повторувал кога лежел во болница: По неколку часови поминати во болнички кревет, тој ќе кажеше дека му е подобро и бараше да си оди дома.
“На почетокот не разбиравме зошто го прави тоа. Мислевме дека е само тврдоглав стар човек, се до една прилика кога мајка ми се расплака во болницата, затоа што таа не разбираше зошто тој сака да си оди дома, а сепак, не му беше подобро, вели нивниот внук. Тој и одговори: “Бидејќи мајка ти е дома сама и нема кој да се грижи за неа.”
“Двајцата се болни, едвај можат да зборуваат, а бабата е крајот на живоното дело на дедото. Сите овие години било обратно. Кога таа не можела да јаде, тој ја хранел. Кога таа не можела да оди, тој одел покрај неа за да и ја понуди својата поддршка. Кога била хоспитализирана, секое утро тој станувал во 05:00, со цел да и биде во близина, кога таа се буди “, објаснил нивниот внук Џастин, додавајќи дека не ја научил во целост нивната приказна со оглед на тоа дека тие никогаш отворено не зборувале за својата љубов: “. Но, тоа не е важно, бидејќи нивните дела зборуваат погласно од зборовите, а вистински доказ за животот полн со љубов се нивните деца и внуци.”Овој пар доста сериозно го сфатил брачниот завет кој се однесува на заедничкиот живот “и во добро и во зло”.

loading...