Љубомора – коктел од негативни емоции!

Loading...

Штетата која е предизвикана во многубројните љубовни врски, се почесто е резултат на отровниот коктел  наречен љубомора. Љубомората станува се пораспространета појава. Таа е комплексна емоција  т.е.  коктел од емоции – страв од напуштање на кого се додава лутина, бес, огорченост и се тоа добро се промешува… кај секоја особа овој коктел од емоции има различен состав кај некој е поизразено неговото дејство кај друг е помалку. Како и да е овој коктел ги содржи сите состојки освен  љубов, доколку сакаме некоја особа неможеме и несмееме да ја заробиме односно да ја сметаме за наш имот!
Верувале или не самодовербата е клучот за се! Така и решение за љубомората. Често може да се осетите како недоволно добри и како вашата девојка/дечко може да најде некој продобар, поинтересен, попаметен, позгоден од вас. Тие мисли мора веднаш да ги избришете. Зашто би била таа/тој со вас ако не го има тоа мислење за вас!? Девојките, сакаат самоуверени момци кои во ниту еден момент не би помислиле дека нивната девојка може да ја превземе некој друг, истото е и со момците. Нормално претерано самобендисаните може да остават погрешен впечаток, затоа внимателно како ги презентирате сопствените квалитети.  Најдобар начин е сами да ја вежбате својата самодоверба тоа ќе го постигнете преку радување на своите успеси, потребно е да  станете свесни за тоа колку сте вие посебни како личност. Ништо неможе да уништи една врска побрзо и поуспешно од љубомората, тоа е чуство кое ги фрла во сенка сите убави моменти во  врската. Ако сте склони кон љубомора во врската повероватно е дека проблемот е кај вас а не во партнерот.
Што прави кога не е со мене? Има ли друг/друга? Зашто не ми се јавува? Овие прашања сигурно сте си ги поставиле милион пати додека партнерот не е покрај вас.  Еве неколку совети кој треба да ги применувате.
 
Сакајте се себеси!
Несигурноста е основа за љубомората. Личноста која се сака, меѓутоа истовремено е свесна и ги знае своите недостатоци нема да има проблеми со љубмора.
Ослободете се од минатото!
Ако во минатото сте пателе по некого,тоа немора да значи дека таква ќе биде и вашата идна врска. Нормално, ако привлекувате еден ист вид на личности кои постојано ве повредуваат, тогаш треба да си ја смените целната група. Сепак не живејте во минатото. Заборавете на лошите работи. Продолжете да живеете со полна пареа и немојте да се потсетувате на негативните настани, пред тие да ви го уништат животот.
Верувајте во себе!
И врската претставува ризик, никогаш неможете да играте на сигурно. Тоа значи дека морате да научите да верувате на сопствените одлуки и во својот партнер. Можете да бидете сигурни само во едно – во себе и дека ќе успеете на сите проблеми кои ќе ви се најдат на патот да дадете адекватн одговор.
Не се споредувајте со другите!
Освен недовербата кон самите себе, споредувањето со други особи е фатална грешка. Вистина е дека луѓето по природа се компетитивни, но мислите како што се тој/таа има поголемо, помало, поубаво, понеубаво… може само да ви ја уништат врската. Сакајте се онакви какви што сте, затоа што вие сте единствени. Запомнете нема друг/друга како вас!
 Фокусирајте се на она што сте!
А не на тоа што би можеле да бидете. Љубомората е страв од нешто што би можело да се случи. Моментите на љубомора вообичаено се случуваат кога не сте доволно сигурни во себе и ја барате потврдата кај вашиот партнер. Тоа не секогаш е лошо, само доколку околу тоа разговарате со својот партнер, а не правите љубоморни сцени. Важно е она што сте, а не она што би требало да бидете.
Верувајте му на својот партнер!
Многу е поверојатно дека саканата особа ќе ве изневери или остави доколку не и верувате.Започнете самите од себе, кога некој има доверба во вас вие уште толку се трудите да не го разочарате , Зарем не е така!?Со недоверба можете само да ги отргнете луѓето од себе. Нормално е да имате одредена доза на резерва и да бидете припремени за негативен настан, но ако не престанете да се плашите дали партнерот ќе ве изневери – тоа ќе ви ја уништи врската!
За крај направете си коктел од љубов, испијте го и уживајте во пријатните чуства. Ослободете се од сите  отровни емоции, верувајте си на себе, и ширете љубов.  Секако  немојте да заборавите  да го споделите овој љубовен напиток со саканата особа!Штетата која е предизвикана во многубројните љубовни врски, се почесто е резултат на отровниот коктел  нареч

loading...
Loading...