Љубоморната пријателка е полоша од кој било непријател

Loading...

Штом ќе почувствувате дека вашето пријателство станало токсично, време е да го прекинете. Проблемите во пријателството се појавуваат кога ќе започнете да ги остварувате вашите соништа или сè ќе ви оди од рака, а на вашата пријателка не ѝ цветаат рози во тој период. Овие знаци покажуваат дека вашата пријателка е љубоморна на вас.
Љубоморната пријателка е полоша од кој било непријател: 4 знаци дека вашето пријателство е токсично
Во секоја ситуација се обидува да ве победи и да биде подобра од вас
Вистинската пријателка ќе се радува и ќе го прославува вашиот успех. Личноста која ви е љубоморна ќе се обидува да ве победи и да биде подобра од вас во секоја ситуација. Ваквото пријателство може повеќе да ви наштети отколку да ви користи.

120806407

Шири негативна енергија
Таа наоѓа недостатоци во сè и успева да сврти сè на негативната страна. Ако се чувствувате исцрпено и непријатно откако ќе поминете време со неа, постои јасен знак дека вашeто пријателство не е искрено и дека таа не ви посакува добро. Искрената пријателка ќе се обидува да ве насмее и да ве расположи во секое време.
Ги намалува вашите успеси
Постигнавте нешто за што долго време сонувавте и се пофаливте пред вашата пријателка, а таа се однесува како тоа да не е некоја важна работа? Тоа е повеќе од јасен знак дека ѝ пречи вашата среќа.
Никогаш не можете да се потпрете на неа
Ако не можете да се потпрете на неа кога ви е тешко или кога ви се случуваат убави работи, најверојатно зад сето тоа се крие љубомора.

loading...
Loading...