Љубчо му врати на Трифун за прозивките во емисијата ВО ЦЕНТАР: Криминалот е направен во време на Груевски

Трифун Костовски го спомна екс премиерот Љубчо Георгиевски како пример за политичар кој станал средно богат бизнисмен искористувајќи ја политиката, се јави Георгиевски кои му врати со обвинувања дека тој сам си ја крадел банката:

Ефтов рече дека е можно апсење на Трифун…

Костовски од страна на Ефтов беше прашан какво е чувството од најбогат македонец да си во состојба на исчекување на можно апсење. Според Ефтов постојат информации дека финишира истрагата за ЕУРОСТАНДАРД БАНКА и е можно апсење…
Љубчо му врати на Трифун за прозивките во емисијата ВО ЦЕНТАР: Криминалот е направен во време на Груевски

„Неколку зборови за криминалот на чесниот патриот Трифун Костовски:

Откако вложи 15 милиони евра претходно украдени од Технометал во својата банка поради довербата на луѓето и претходниот маркетинг, вложувањата на грѓаните и фирмите пораснаа во на над 200 милиони евра.

Овде погледајте што рече Трифун за Љубчо

Тогаш Трифун сфатил дека неговите 15 милиони се содржат 13 пати во парите на другите и почна да си ја краде банката преку фиктивни кредити а тие на кои ги даваше задржуваа 10-15% а другиот дел од парите му ги враќаа.

Една од тие приказни пред банкротот ја имам чуено во градот од еден пријател на албанскиот интелектуалец и колумнист А.М. Тој на фирми на негови блиски им давал кредити без покритие а овој му ги враќал.

Пријателот на интелектуалецот имал сепак поголема совест од Трифун, па дури и го прашал зошто го прави тоа? На што Трифун му одговорил дека и нему му треба кеш. Тоа е шемата со сите фирми каде од авион се гледа криминалот.

Сите мои кредити што сум ги зел се обезбедени со три најмалку два пати повеќе хипотека, а зошто Трифун давал без хипотека е јасно како бел ден. Само што Костовски е заштитена бела мечка во Македонија а највероватно и добро плаќа и поради тоа тешко ќе видиме завршница.

Патем да потсетиме дека целиот криминал е направен во времето на Груевски“, напиша Георгиевски на фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.