Њоки со пилешко и кељ

Loading...

Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Во големо тенџере со зовриена солена вода сварете ги њоките според упатството на пакетчето; добро исцедете ги.
Зачинете го пилешкото со малку сол и пипер.
Стопете 2 лажици путер во голема тава на средна температура.Динстајте го пилешкото во тавата во еден слој додека не порумени, по околу 4-5 минути од страна. Оставете го настрана.
Стопете ги преостанатите 3 лажици путер. Додајте го кромидот и динстајте, мешајќи често, додека да омекне, околу 3-5 минути. Додајте ги лукот и мајчината душица и динстајте додека да замирисаат, околу 1 минута.
Додајте го брашното и динстајте додека малку да зарумени, околу 1 минута.
Постепено додавајте ги пилешката супа и виното и динстајте, постојано мешајќи, додека малку да згусне, околу 3-5 минути. Додајте го кремот за готвење и динстајте додека да згусне, околу 1-2 минути; зачинете со сол и бибер, по вкус.
Додајте ги њоките и кељот и динстајте додека ќељот да свене, околу 1-2 минути. Вратете го пилешкото во тавата; наросете пармезан.
Ставете го во рерна и печете додека не почне да пушта меурчиња, околу 10-12 минути.
Послужете веднаш.


Состојки:
1 пакетче њоки
700 г пилешки стек
сол и црн пипер, по вкус
5 лажици несолен путер, поделен
1 среден кромид, ситно сечкан
3 чешниња лук, здробени
2 лажички исечкани свежи листови мајчина душица
3 лажици брашно
1 1/4 чаша пилешка супа
1/4 чаша суво бело вино
1/2 чаша неутрален крем за готвење
1 китка кељ, стебленцата да се отстранат и да се исечка на парчиња со големина на залак
100 г рендан пармезан

loading...