Њујорк ја подига старосната граница за купување цигари

Loading...

Старосниот праг за купување цигари во градот Њујорк ќе биде зголемен од 18 на 21 година, според предлогот на функционери од локалната администрација, што би претставувала најстрогата одредба според возраста за купување цигари во САД, пишува The New York Times.Доколку биде усвоен овој предлог, старосната граница за купување цигари ќе биде изедначена со онаа за купување алкохол, меѓутоа на помладите од 21 година нема да им биде забрането поседување цигари или пушењето.Станува збор за најновиот во низата напори да се намали пушењето во Њујорк откако градоначалник стана Мајкл Блумберг во 2006 година. Блумберг веќе го забрани пушењето во рестораните и баровите, а од неодамна забраната беше проширен аи на парковите, плоштадите, плажите и другите јавни места.Предлогот, како што објавија началникот на њујоршкиот оддел за здравство др. Томас А, Фарли и портпаролката на градскиот совет Кристин Си Квин, предизвика многу незадоволство меѓу њујорчаните и покрена јавна расправа за правата и одговорностите на младите луѓе. Со 18 години жителите на Њујорк се доволно зрели да појдат во војна, да возат или да гласаат, но сега, велат противниците на предложениот закони, ним им се ускратува зрелоста сами да ги проценат ризиците од пушењето.Фарли вели дека луѓето од експерименталното пушење на редовното типично преминуваа на возраст од 20 години и дека градските власти со оваа забрана сакаат да ја намалат веројатноста тие да станат доживотни зависници од никотинот.Според предлогот, исто така, како прекршители на законот ќе се сметаат само продавачите на цигари. Казните за продажба на цигари на малолетниците ќе останат како и досега, меѓутоа нема да им се изрекуваат на купувачите или на нивните родители.
МакфаксСтаросниот праг за купување цигари во градот Њујорк ќе биде зголемен од 18 на 21 година, според предлогот на функционе

loading...
Loading...