Ќерката на Ковачевски во посета на Папата Франциск

Премиерот Димитар Ковачевски, во придружба на ќерката Тамара Ковачевска и делегацијата на Владата на РМ, којашто е во дводневна посета во Рим и Ватикан во рамките на традиционалните свечености во чест на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, денеска беше примена од неговата светост Папата Франциск.
Сопственичката и модна дизајнерка Тања Кокев, на својот Фејсбук профил објави дека ќерката на премиерот носеше креација од „Кокев“.


Станува збор за модел од Пустинска роза 2022 година од најновата колекција. Оваа креација има и црн тул со крупни точки како додаток за да бидат покриени рацете, со оглед дека е кај папата. Ракавите на фустанот се направени од нежна тантела, додека пак целиот изглед е „зачинет“ со црн вел на главата и црни потпетици.
Oсновниот дрес код за посета кај папата е и мажите и жените да ги покријат колената и надлактиците. Се забранува носење шорцеви или здолништа над колената, блузи без ракави и деколтирани кошули.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.