Ќе бидат како нови: Исчистете ги белите патики со состојки кои ги има секое домаќинство

Loading...

Белите патики се одлични за комбинирање и одговараат речиси со секој аутфит, но нивното чистење може да биде напорно.
Фаит Капеле, на нејзиниот Јутјуб канал објавила едноставен начин на кој може да го вратите сјајот на белите патики. Сè што е потребно е детергент за перење облека и паста за избелување.
Во топла вода додала течен детергент за перење облека и ги натопила патиките, а после тоа на нив нанела паста за заби и добро ги исчеткала со четка.
Откако патиките ги оставила неколку часа потопени во вода, ги ставила во машина за перење алишта. После тоа изгледале како нови.

Пастата за заби содржи сода бикарбона, која делува како абразив и помага во отстранување на дамките, исто како што тоа го прави и на вашите заби. Фаит истакнува дека најдобро е да користите паста за избелување на забите, никако онаа во боја, бидејќи може да остави дамки на патиките.

loading...