Ќе бидеме домаќини на премиерката на Финска, со посебен режим на сообраќај во Скопје на 20.06. и 21.06.2022

Премиерката на Република Финска, Сана Марин

На 20.06. и 21.06.2022 (понеделник и вторник) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе пристигне премиерката на Република Финска, Сана Марин. Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициски службеници.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.