Ќе ве трогне: Тијана Дапчевиќ му напишала емотивно писмо на Дедо Мраз!

Пејачката Тијана Дапчевиќ на самиот крај од 2018 година одлучила да му напише емотивно писмо на Дедо Мраз, а нејзините зборови на многумина им предизвикале солзи во очите.
Тијана пишувала за проблемите кои секојдневно ги гледа во своето опкружување, односно ги преточила во писмо до Дедо Мраз, со желба тие да се решат во 2019 година.


„Драг Дедо Мраз,
можеби е глупаво што ти пишувам дури сега, кога сум и мајка и тетка. Сега, кога би требало јас и ти да соработуваме само околу содржината на подароците, бидејќи на сите ни е јасно дека сите деца биле добри и секогаш се добри, додека за нас возрасните тоа и не може баш да се каже. Извини што не ти бараме здравје во јули и август, додека одмораме во посолената верзија од себе. Едвај го дочекавме сонцето и деновите во календарот што не се означени како обврски“, почнала Тијана а потоа продолжила.


„Извини што понекогаш, онака кришум, крадеме по некое чоколатце од новогодишните пакетчиња. Знаеш како е, паѓа шеќерот, паѓа ролетната (во сообраќај), паѓа и по некој ПМС – тој ама баш никогаш не бира ниту празник ниту место. Извини што немаме доволно СМС пораки. Извини што и понатаму ги учат децата дека постојат бои што се за момчиња и бои што се за девојчиња, но не сум сигурна дали воопшто сакам да барам прошка за оние кои се откажуваат од своите деца ако се фатат за сите бои одеднаш и на себе облечат виножито.
Прости им на оние кои ги убедуваат децата дека модриците под окото на мама ги направила вратата, како децата да не знаат за што служат вратите, само за криење погледи од реалноста“, напишала пејачката.

Loading...