Ќе ви замириса целиот дом кога ќе ја извадите од рерна: Овошни коцки со јаболки кои се вистинско богатство на вкусови!

Loading...

Вашето семејство ќе ја обожава оваа торта со јаболка, која ќе влезе во вашите срца за многу кратко време.
Состојки:
1 јајце
1 чаша масло
1 чаша гриз
1 чаша млеко
1 чаша мелени ореви
1 кеса прашок за пециво
5 јаболка
100 гр чоколадо
100 гр шеќер
Подготовка:
Во сад, скршете ги јајцата и изматете ги со масло и млеко. Потоа во смесата додадете гриз, ореви и прашак за пециво.
После тоа, време е да додадете рендани јаболка во смесата. Истурете ја готовата смеса во плех и печете додека колачот не добие кафеава боја.
На тивок оган растопете го чоколадото со малку масло и 100 гр шеќер, па премачкајте го колачот со глазура.

loading...
Loading...