Ќе има зголемување на цената на бензините, Владата ќе ја зголеми акцизата за 3 денари по литар

Ќе има зголемување на цената на бензините, Владата ќе ја зголеми акцизата за 3 денари по литар

Иако вчера нафтата не вредеше ништо на светските берзи, дури се тргуваше и под нулата, кај нас состојбата е обратна.

Цената на нафтата се стабилизира, околу НУЛА долари за барел

Владата, согласно она што е соопштено смета дека товарот од оваа криза треба да го понесеме сите солидарно. И иако комората побара зголемување од 2 денари по литар, тоа не само што е прифатено, туку е и зголемено. Па така акцизата по литар ќе се зголеми за цели 3 денари. Ова е втор пат да се зголемува акцизата на нафтените деривати од страна на оваа влада.

Бектеши дури информираше дека во Албанија на пример, горивата се поскапи за 37 денари отколку кај нас, во Косово за 28, а во Србија за 33 денари. Но не рече колкав е животниот стандард. Секогаш како мерило треба да се смета можноста со просечен доход колку литри може да се купат.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.