ИДФ ги повикува либанските цивили во дваесетина села во јужен Либан веднаш да се евакуираат.
„Активноста на Хезболах ги принудува ИДФ да дејствува против него. ИДФ не сака да ви наштети“, вели полковникот Авичај Адраи, портпарол на ИДФ на арапски јазик, во изјавата објавена на „X“.
„За ваша безбедност, мора веднаш да ги евакуирате вашите домови. Секој што е во близина на оперативците на Хезболах, нивните објекти или нивното оружје, се става себеси во ризик“, вели тој.
Адраи вели дека секоја куќа што ја користи Хезболах за воени цели е цел на напад.
Либанските цивили се повикани да се евакуираат и да се упатат кон север. „Внимание, не се движи кон југ! Секое движење кон југ може да го загрози вашиот живот“, се вели во соопштението.
ИДФ вели дека ќе ги извести цивилите кога ќе можат да се вратат.
Вчера, ИДФ издаде слични наредби до 28 други села во јужен Либан.
Војската, исто така, предупреди за какво било движење на возилата од северот на реката Литани на југ од неа.
Војската ги опиша копнените операции во јужен Либан како „ограничени, локализирани и насочени рации“, со цел да се урне инфраструктурата на Хезболах во пограничната област. Официјални лица рекоа дека војската има намера операциите да завршат што е можно побрзо.