„Ќе платиш ли и за мене“ – Путин му купи сладолед на Ердоган

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган уште еднаш покажаа дека се блиски, при гостувањето на Ердоган на авијациската изложба во близина на Москва, кога Путин му купи сладолед во корнет. За време на паузата Путин го одведе Ердоган до најблискиот штанд за сладолед и порача два, за него со чоколадо, а за Ердоган со ванила. Додека вадеше нешто рубљи од џебот, Ердоган по малку и на шега, го праша: „Ќе платиш ли и за мене?“, на што Путин одговори: „Секако дека ќе платам. Па ти си ми гостин“. Потоа рускиот претседател се обрати кон продавачката и ѝ порача: „А кусурот дајте му го на министерот за авијациски развој“. „Благодарам на дарежливоста“, одговори министерот низ смеа.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.