Ќе погодите ли колку години наполни Билјана Дебарлиева- никој не би ѝ дал толку

Loading...

Ретко кој би ѝ дал 48 години на Билјана Дебарлиева, познатата водителка и презентер на вести. Вчера, Дебарлиева прослави роденден, и вели дека воопшто не се чувствува како да има 48 години. Овој роденден, за неа ќе биде поинаков според многу нешта.
„ Кога почна целата ситуација со Ковид-19, во период кога многу малку се знаеше за вирусот, кога го искусивме и карантинот и полицискиот час, веројатно не бевме свесни и не очекувавме дека сето ова толку долго ќе трае. Во тој период многумина ги прославија родендените или други убави поводи дома, без прослави или на начин како што тоа сме го правеле кога нормално го живеевме животот. И јас лично тогаш си мислев и си велев дека до мојот роденден се ќе помине, па ќе си прославиме и за сите други поводи што сме ги пропуштиле. Ама излезе сосем спротивното, вториот бран од Ковид-19 стана уште посериозен и поопасен и не натера ама буквално да ги сведеме контактите на минимум за да се заштитиме од овој невидлив непријател. Така и јас мојот 48-ми роденден ќе го одбележам во домашна атмосфера со сопругот и децата, бидејќи така налага новата реалност која ја живееме. Ама и не е толку страшно, зашто ако го зачуваме здравјето, ќе има време да надоместиме за сите пропуштени настани и убави поводи за славење“, раскажа Билјана за Женски магазин.
Единствено нешто што таа го посакува за себеси и за нејзиното семејство и најблиските е здравјето. „Тоа ни е најпотребно во моментов, да се заштитиме од Ковид-19, зашто овој вирус ни покажа дека не поштедува никого. Истото ќе си го посакам и во 2021 година, за која верувам и се надевам дека ќе биде подобра“, се желбите и надежите на Дебарлиева.
За младешкиот изглед и за коментарите дека изгледа доста помлада од возраста, таа раскажува дека во поглед на негата нема нешто што посебно би го издвоила, освен оние вообичаени утрински и вечерни ритуали на нега на кожата со препарати што одговараат на нејзиниот тип кожа и на годините.
„Одам на редовни козметички третмани, користам креми со заштитен фактор, зашто знаеме дека сонцето ја старее кожата, многу вода, овошје, зеленчук, позитивна мисла и насмевка. Би ја додала овде и генетиката и сето тоа заедно придонесува за свежина во изгледот“, раскажува шармантната презентерка за Женски магазин.


„Во години сум кога се појавуваат и првите знаци на стареење на кожата, првите брчки, но ништо од тоа не ме плаши, туку ги прифаќам како еден природен животен тек и гледам колку што можам да го забавам тој процес. Знам да си помислам, што ќе биде по 5 или 10 години, ќе бидам ли како оние жени кои изгледаат убаво и негувано и во својата 6-та или 7-ма деценија? Ама уште е рано за да се оптоварувам со такви мисли, си го живеам мигот и моментот и убаво се чувствувам.
Во духот, мислите и однесувањето не се чувствувам како да имам 48 години. Не се плашам да ги прифатам како бројка, зашто ова всушност се и најубавите години. Возраста никогаш не треба да ни биде ограничување за некогаш, на некои работи да можеме да им се радуваме како деца“, вели Билјана за својот најубав животен период.
За неа, сите родендени се драги и убави, бидејќи ги поминувала со луѓе кои ѝ се блиски и драги. И во поглед на подароците, за Билјана секој си има своја убавина и вредност, ама најважно е кога се подарени од срце, со многу љубов и внимание.

loading...