Ќе продолжи летото Прогноза за следните денови

Loading...

Во следните денови територијата на нашата држава повторно ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса која значително ќе услови значителен пораст на температурите на воздухот па така ова значи дека и понатаму на летото му нема крај.

Времето ќе биде сончево со мала а од четврток локално и умерена облачност претежно во попладневните часови кога ќе се создаваат услови за локална нестабилност претежно во планинските места и во оние населени места кој се во близина на планините.
Оваа локална нестабилност би била проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за ретка појава на град.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени што значи и понатаму ќе можете да уживате во летните температури на воздухот по циклонот БРУНО кој ја зафати речиси цела наша држава и кој донесе освежување и пад на температурите на воздухот дури за околу 10тина степени.

loading...