Ќе развиваме коцкарски туризам

Loading...


Откако двајца вработени минатата седмица беа убиени во казино, косовските власти ги забранија сите форми на коцкање за период од десет години.
-Нема да дозволиме овие простории да бидат арени на криминал во кои се одземаат човечки животи, изјави косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, а пренесе “Еуроњуз“.
По двата смртни случаи Харадинај предложи закон за забрана на коцкање, а во четвртокот на 28 март пратениците го усвоија. Законот стапи на сила на 1 април.
Во Косово, една од најсиромашните земји во Европа, каде околу една третина од работоспособното население е невработено, коцкањето станало голем проблем, пишува “Еуроњуз“.
Во текот на последнава деценија оваа индустријата рапидно се распространи и во неа беа вработени околу 4.000 луѓе, кои по најновата забрана стравуваат за своите работни места.
По примерот на Албанија коцкарниците се протеруваат и од Косово. Од друга страна, пак, се најавува дека за потребите на граѓаните од Албанија и Косово ќе се отвораат нови коцкарници во Македонија. Жителите од овие две земји организирано  ќе се носат во Македонија, за тука да продолжат со коцкање.

loading...