ЌЕ СЕ ЕВАКУИРА НОВА КАХОВКА: Русите најавија ново повлекување. Расте стравот од уривање на браната

Руската армија најави дека ќе се повлече од градот Нова Каховка, каде што се наоѓа клучната брана на реката Днепар, откако ќе го напушти Херсон на крајот на оваа недела.

Првиот човек на проруската влада Павел Филипчук изјави дека градската администрација и жителите ќе се повлечат на безбедна локација.

ЌЕ СЕ ЕВАКУИРА НОВА КАХОВКА: Русите најавија ново повлекување. Расте стравот од уривање на браната

„Жителите на површина од 15 километри околу градот треба да се подготват за заминување. Владата е загрижена за браната, која може да биде оштетена од проектили, што би предизвикало поплави“, рече Филипчук.

Филипчук тврди дека украинските сили ја означиле градската администрација како наводна, „прва цел на терористички напад“.

„Жителите треба да се подготват за заминување во јужниот руски регион Краснодар, каде што ќе бидат сместени во загреани станови, ќе добиваат редовен оброк и финансиска помош од 100.000 рубли“, додаде Филипчук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.