Седум години по ред нејзиното забавно шоу „Се или нешто“ е едно од најгледаните на македонските ТВ екрани.
Лила зад себе има два неуспешни брака, а до неодамна истакнуваше дека не планира повторно да се мажи.
Очигледно на водителката и се промениле погледите во однос на брачната заедница, па се предомисли и сака среќата да ја проба по трет пат, секако ако се најде кандидат.
„Зошто да не? Јас до пред некое време велев дека нема да се мажам. Но, трета среќа. Да ме побараше некој досега ќе бев мажена. Инаку да, би прифатила да се мажам по трет пат“ откри Лила.