Ќе се мрзнеме цел ден, промена на име нема да има-порача „Македонија блокира“

Иако вчера откажаната седница и денес доцни протестот на „Македонија блокира“ пред Собранието на Република Македонија – започна.
-Го повикувам македонскиот народ да излезе и да не дозволиме името да ни го сменат. Ќе останеме на овој студ колку што е доволно и ќе вршиме притисок се додека не се откажат, беа дел од зборовите на Драган Угриновски од „Македонија блокира“.
На протестите денес реши поддршка да даде и експратеничката Солза Грчева. Таа изјави дека се погазени и Собранието, и народот, и дражавата. И дека затоа дава поддршка на протестите. „Собранието оддамна е погазено, уште на 30-ти септември, а внатре нема народни избраници, туку политички пазарџии. Сме виделе се и сешто, но ова го достигна врвот“, рече Грчева.
Иако во средата на протестите се приклучија и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а претседателот на партијата Христијан Мицкоски посочи дека тие нема да дадат легитимитет за промената на Уставот и дека ќе го искористи своето право на демократски протест, за денес е неизвесно дали повторно ќе го сторат тоа.  Имено, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски поради актуелните случувања поврзани со уставните измени свика седница на Извршниот комитет на партијата. Дали по неа ќе се вклучат на протестот останува да видиме, како и се друго во часовите кои се пред нас.

Loading...