Ќе се носи Законот за ЈО, обезбедени се наводно 80 пратеници што ќе го гласаат

Loading...

Власта обезбеди 80 гласови за законот за јавно обвинителство, а на вечерашната владина седница закажана за 22 часот се очекува да биде одобрен текстот на законот и да биде испратен до Собранието, беше пренесено од извори во Владата.
Ова симболично на својот фејсбук профил го најави Десковска со слика со бел чад, што е алузија на изберен Папа или за завршена работа…
На донесување на законот за обвинителство инсистира ЕУ, која смета дека со донесувањето на овој закон ќе се испрати позитивен сигнал до земјите-членки на Унијата пред да биде донесена одлуката за почеток на преговори за Македонија.
Партиите цела година не можеа да се договорат за овој закон…

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...