Ќе се продаваат креветите на Катица Јанева и чантите на Боки 13

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани, во интервју за „Вечер“, изјави дека се одземени и ќе се продаваат запленетата гарнитура за седење на Катица Јатица и чантите на Боки 13, осомничени во случајот “Рекет“.
– На Катица Јанева и се одземени неколку кревети, а на Бојан Јовановски мебел, лична гардероба и чанти. Парични средства, вили и станови не им се одземени. Ние сме известени само за овие работи и истите сме ги одзеле, а за другите предмети постапката сè уште трае. Овие работи им се одземени и се доставени од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, а ние како Агенција за управување со одземен имот имаме обврска истите да ги сместиме, чуваме и продаваме, истакна Асани.

 

Loading...