Ќофтиња во рерна

Loading...
1 кг компири
500 г мелено месо
1 главица кромид
2 чешниња лук
Бешамел сос
кашкавал
1 лажица црвен пипер
1 лажица сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер
Компирите обарете ги и исечкајте ги на кругови.
Меленото месо измешајте го со ситно сечканот кромид и лук, црвениот пипер, сувиот зачин, сол и црн пипер, и формирајте ќофтиња.
Од круговите компири наредете во огноотпорен сад. Ќофтињата наредете ги на компирите, а помеѓу редете кругови компири така што секое ќофте ќе биде заградено. Попрскајте со масло и потоа прелијте ги ќофтињата со Бешамел сос.
Изрендајте кашкавал и печете во рерна 30 минути на 200 степени.

 

loading...