Ќофтиња на спанаќ

Loading...

500 г мелено месо
400 г спанаќ
250 мл кисела павлака
200 мл бело вино
40 г рендан пармезан
3 чешниња лук
2 лажици сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер по вкус

Од меленото месо, пармезанот, исечканиот лук, 1 лажица сув зачин, сол и црн пипер измешајте смеса. Направете ќофтиња и испржете ги.
Во истата тава запржете го спанаќот. Додадете ги виното, 1 лажица сув зачин, сол и црн пипер. Откако виното ќе испари тргнете од оган. Додадете ја павлаката и промешајте со лажица.

 

loading...