Ќофтиња од компири

Loading...

1-1,5 кг компири
1-2 главици кромид
јајца
50-60 г лебни трошки
масло, сол и мелен црн пипер

  1. Рендан компир1.Компирите измијте ги и изрендајте ги. Веднаш налејте ги со вода за да не ја сменат бојата.
  2. Рендан компир2.И кромидот исчистете го и изрендајте го.
  3. Цедење на компир3.Компирите исцедете ги, измешајте ги со ренданиот кромид, ставете ги врз газа и добро притиснете за да се исцеди вишок вода.
  4. Формирање на ќофтињата4.Во смесата додадете ги лебните трошки и јајцата. Зачинете со сол и црн пипер, и добро измешајте. Од смесата, со раце, формирајте ќофтиња.
  5. Пржење на ќофтињата5.Во подлабок сад загрејте и пржете ги ќофтињата се додека не добијат златно-румена боја.
  6. Испржени ќофтиња6.Оставете ги на кујнска хартија за да се исцеди вишокот мрснотија и сервирајте ги топли.
  7. Ќофтиња од компир - сервирани7.Совет: доколку ги подготвите порано, пред сервирање загрејте ги во рерн, на 180 степени, околу 10-тина минути.
loading...