Доколку не знаете што да направите денес за јадење, имаме одличен рецепт за вас. Направете ги овие ќофтиња од тиквички и маскарпоне сирење кои се одлични за ручек или за вечера. Една порција содржи 345 калории, а за подготовка ви требаат 35 минути. Рецептот е за 8 порции.
Ќофтиња од тиквички и маскарпоне
Потребни состојки:
3 тиквички
2 јајца
4 лажици грчки јогурт
2-3 лажици брашно
Млад кромид
1-2 чешниња лук
2-3 лажици масло
Маскарпоне сирење
Лимонова кора
Сол и бибер
Начин на подготовка:
Измијте ги тиквичките и отсечете им го врвот. Изрендајте ги и добро исцедете ја водата од нив. Ренданите тиквички измешајте ги со јајцата, 2 лажици од јогуртот, брашното и еден млад сечкан кромид. Зачинете по вкус со сол и бибер и додадете го лукот.
Маслото загрејте го во тава. Од смесата направете ќофтиња, па пржете ги од двете страни додека не добијат златно-кафена боја. Исцедете ги од вишокот масло.
Маскарпонето измешајте го со остатокот од јогуртот. Зачинете по вкус со сол и бибер и додадете малку лимонова кора.
Распоредете ги ќофтињата на чинија. Украсете со кремот од маскарпоне сирење и уште малку рендана лимонова кора. За уште подобра декорација, насечкајте малку власец одозгора.
Ќофтињата можете да ги направите и со друг зеленчук, на пример со рендан компир во комбинација со рендан морков и кромид.