Ќучук со честитка за Денот на независноста: Вие сте вредна членка на НАТО и заслужено ги започнавте преговорите за пристапување во ЕУ

Силно верувам во успехот на Северна Македонија и знам дека единството и добрососедските односи се клучот за нашата заедничка иднина во Европа, порача лидерот на Европските либерали, европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук  во честитката по повод Денот на независноста на Северна Македонија, 8-ми Септември.

– Изминатите  три децении Северна Македонија измина долг пат и треба да бидете горди на она што го постигна во однос на демократијата, слободата, човековите права и владеењето на правото, вели Ќучук.

Тој додава дека денеска, 31 година подоцна, ја гледа Северна Македонија како составен дел од евроатлантското семејство, а неодамнешните обврски за поддршка на Украина само го докажуваат овој факт, особено кога се појавува дестабилизација на светскиот поредок.

– Вие сте вредна членка на НАТО и заслужено ги започнавте преговорите за пристапување во ЕУ. Тоа е огромен успех, бидете горди на вашите достигнувања и продолжете да се стремите кон нови. Среќен ден на независноста!, додава Ќучук.

Илхан Ќучук со делегацијата е во дводневна посета во земјава, вечерва по повод 8-ми Септември – Ден на независноста ќе присуствува на одбележувањето кое е предвидено да се одржи на платото кај паркот „Ибни Пајко“ на кое свечено обраќање ќе има Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски. Утре, 09-ти Септември европратеникот ќе биде дел од конференцијата „БГМК2030: Младите и образованието како клуч за посилно евроатлантско сојузништво“ која ќе се одржи на АУЕ-ФОН и ќе биде прогласен за почесен доктор на науки.

Линк од обраќање на Ќучук: https://fb.watch/fpic9L1BZn/

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.