Џавит од Слупчане: Прости ми мајко што те растажувам, но маката ме натера да заминам

Loading...

Џавит Идризи од Слупчане го напушти родното место и во отсуство на каквa било перспектива тука, замина во правец на западните земји.
Во оваа прилика тој направи емотивна посвета на фејсбук, изразувајќи ја болката од разделбата од неговата мајка, родното место и семејството.
– Прости ми мајко што те растажувам, но маката ме натера да заминам, право да ти кажам не знам каде ќе одам и каде ќе застанам“, напиша Идризи на Фејсбук, пренесува весникот Лајм. Село Слупчане е едно од најпогодените села во општина Липково поради миграцијата.


Со оглед на тоа што селото, кое беше упориште на УЧК во 2001 година, сега остана без поголемиот дел од својата младина.
„Слушнав дека над 200 лица си заминале, помалку или повеќе, не ми е јасно. Но според тоа што го кажуваат младите, над 200 лица си заминале, селото е испразнето. Недостига најважниот фактор на селото, а најголем дел од нив си заминаа“, изјави Селајдин Шахини – претседател на локалната заедница во Слупчане

loading...
Loading...