Потврдувам дека со восхит, со чиста совест и со полна одговорност преземам задача која ми ја доверија граѓаните преку нивните претставници, рече Талат Џафери во првата изјава по изборот за технички премиер.
„Останувам доследен на фактот дека работата на владата ќе биде транспарентна, отчетна, одговорна, пред се пред граѓаните и нивните претставници, во интерес на граѓаните и за напредок на државата“, рече Џафери.
- Бајден: Ќе направиме се што можеме за да се избегне проширување на конфликтот на Блискиот ИстокАмериканскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е загрижен за тензиите на Блискиот Исток- прочитај повеќе
- Во Претставничкиот дом предложена резолуција да се слават јазикот, историјата и културата на македонските АмериканциКопретседавачите со конгресната група за македонските Американци во Преставничкиот дом, претставија двопартиска резолуција- прочитај повеќе
- Уапсени пет лица за поседување на бела прашкаста материја и марихуанаДенеска (29.09.2024) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од- прочитај повеќе
- (Фото) Вардар повторно разочара, навивачите бараат одговорност од НеделковскиФудбалерите на Шкендија беа подобри од скопскиот ривал Вардар со 4-0 во осмото коло- прочитај повеќе
- Леброн спие со мајката на соиграч: Од средно е со мистериозна жена, забременила како тинејџерка и чекала 9 години за прстенСопругата на американскиот кошаркар Леброн Џејмс , Савана, денес е успешна бизнисменка и филантроп, а нивната приказна е- прочитај повеќе
Тој додаде дека не можеа а да не го коментира фактот што на заедничката фотографија од новата влада ги нема претставниците на опозицијата.
„Почитувани граѓани, да не ве загрижува сликата која што ќе ја видите без нив. Работата на владата ќе биде суштинска со нив, затоа што и тие, исто како и ние имаат законска обврска да одговорат на обврската што ја преземале од вас преку оние што гласаа „за“ составот на влада, но таа обврска е преземена и од тие што не гласаа, што не беа таму. Таа е слика на која сте навикнати да ја гледате и во работата на Собранието. Пред камери е едно, а кога треба да се работи е друго. Бидете спокојни, јас ќе дадам се од себе заедно со тој тим кој е составен денеска од ваше име, да ги исполни вашите очекувања. Секој кој ќе постапи спротивно, се коси со законот, а во оваа држава има закони и прописи кои треба да се спроведат“, посочи Џафери.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.