Џек Ма го зголеми своето богатство за 8,2 милјарди долари

Loading...

Основачот на „Алибаба“, Џек  Ма, продаде дел од акциите во кинеската компанија за е-трговија за неколку милијарди долари, бидејќи нивната вредност скокна за речиси 50 проценти, објави Си-Ен-Ен.

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен, сепак, пресметува дека според сегашната пазарна цена, тој удел на акции е околу 8,2 милијарди долари.

Во моментов „Алибаба“ вреди околу 705 милијарди долари, што ја прави повеќе вредна компанија од „Фејсбук“.

Џек Ма поднесе оставка минатата година од позицијата претседател на Извршниот одбор на компанијата на возраст од 55 години, велејќи дека ќе го посвети своето време на филантропија.

loading...