Џенифер Лопез и Бен повторно заедно? „Со часови се во нејзината куќа откако таа раскина со Алекс“

Loading...

Познатиот добитник на Оскар неколку пати беше забележан како доаѓа во калифорнискиот дом на латино дивата во текот на денот
Џенифер Лопез (51) и Бен Афлек (48) поминаа сомнително време заедно во Лос Анџелес по раскинувањето со Алекс Родригез (45), изјави неименуван, но добро информиран извор за „Page Six“.
Познатиот добитник на Оскар неколку пати беше забележан како доаѓа во калифорниската куќа на латино дивата во текот на денот. Иако двојката никогаш не била фатена заедно, изворот изјавил: „Обезбедувањето го зема од договореното место и го носи по неколку часа поминати во нејзината куќа“.

Burbank, CA – *EXCLUSIVE* – Singer/actress Jennifer Lopez heading to work with her manager Benny Medina in Burbank.
BACKGRID USA 28 APRIL 2021,Image: 608430139, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia

Само пријатели или…?
Афлек е виден неколку пати во бел теренец Escalade, кој ѝприпаѓа на Џеј Ло, т.е на неговата поранешна свршеница. Тој, наводно, ја посетувал често откако се вратила од снимањето на новиот филм „ Shotgun Wedding “ во Доминиканската Република.
Други извори блиски до парот велат дека Џен и Бен се само пријатели и негувале ваква врска со години. „ Bennifer “, како што некогаш беа нарекувани од фановите, се свршија во 2002 година, но во 2003 година ја одложија венчавката, па во јануари 2004 година раскинаа.

loading...