ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ИСФРЛИЛ 1 НАМИРНИЦА И ИЗГУБИЛ 12 КИЛОГРАМИ

Loading...

Познатиот готвач Џејми Оливер неодамна откри дека изгубил 12 килограми со тоа што исфрлил само една намирница од исхраната.
Џејми Оливер имаше постојани осцилации на тежината во минатото, а неодамна во интервју за „Express.co.uk“ призна дека за време на карантинот се свртел кон нездрави навики поради кои брзо се здебелил 15 килограми. Сега тој успеал да ја врати својата тежина во нормала, а откри и како!
Имено, како што рече, ги променил своите и навиките на своето семејството кога е во прашање исхраната и за кратко време изгубил 12 килограми масни наслаги што ги „накачил“ во претходната година и пол. Тој исфрлил две клучни работи!
“Прво морав да го намалам месото. Не следев строга диета, само го заменив месото со големи порции зеленчук. Тоа дава извонреден ефект, не сте гладни, доволно сте јаделе, но не јадете храна која е проблематична“, рече тој.


Џејми, исто така, снимаше емисии за време на пандемијата, во кои ги вклучи сопругата Џулс и петте деца, и вели дека вовел повеќе зеленчук во неговата исхрана заедно со нив.
“Така ги хранам децата и ги преполовив порциите од другата храна за себе. Јадев и многу јаткасти плодови кои се одлични за срцето”, вели Џејми.
Тој, исто така, призна дека повремено пиел, а секој знае дека алкохолот има огромна калорична вредност.
“Сега се ограничувам на неколку пијачки за време на викендите, но не пијам повеќе во работните денови. Навистина се трудам да бидам повнимателен во она што го внесувам”, вели Оливер.
Џејми истакна и дека јаде најмногу храна за појадок, како и дека особено внимава да спие доволно и да се движи.

loading...
Loading...