Џеј Ло се мажи по четврти пат, на раката огромен дијамант тежок милиони долари

Loading...

Парот неодамна ја прославил 2-годишнината од врската.
Пејачката и актерка Џенифер Лопез и нејзиното момче Алекс Родригез се свршиле. Неколку недели откако ја прославиле втората годишнина од врската, парот вчера објавил дека се свршил. Нејзиниот свршеник на Инстаграм објавил фотографија од огромниот дијамант како свети на нејзината рака.
“Кажа да”, напишал поранешниот играч на Њујорк Јенкис, Еј Род.
И Џенифер ја објавила истата фотографија на својот профил. Дали свршувачката била на плажа на зајдисонце не знаеме, но според фотографијата атмосферата била таква. Парот моментално е на одмор во Бејкерс Беј на Бахамите.

 

View this post on Instagram

 

she said yes ♥️

A post shared by Alex Rodriguez (@arod) on


Портпаролот на пејачката, Бени Медина, ги потврдил убавите вести.
“Тие се на одмор и се свршиле”, рекол тој.
Златарите процениле дека прстенот вреди околу еден и пет милиони долари и дека има околу 20 карати.

 

View this post on Instagram

 

#beachbums ???

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on


Џенифер претходно била омажена за Оџани Ноа, Крис Џад и Марк Ентони, со кој ги има близнаците Макс и Ема. Родригез еднаш бил во брак, и од тој брак има две ќерки.

loading...