Џони Деп повторно фатен во лага: Сега за ова сведочеше и доктор – специјалист!

Џони Деп излажал дека Амбер Херд му отсекла дел од прстот, наведува сведок, доктор – специјалист за повреди на раце.
Ортопедскиот хирург Ричард Мур, кој сведочеше на судењето на Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд, тврди дека Деп лаже кога станува збор за инцидент во кој актерот тврди дека Амбер го исекла со шише вотка и на тој начин изгубил дел од неговиот прст.
Имено, Џони изјавил дека во март 2015 година, во напад на бес, Амбер фрлила кон него стаклено шише вотка. Според Деп, шишето наводно го удрило во дланката и стаклото му отсекло дел од прстот, додека Амбер, пак, изјавила дека повредата си ја нанел самиот.
Сега сведочеше и ортопедски хирург – специјалист за раце, кој вели дека повредите на Деп не биле предизвикани од стаклено шише.
– „Медицинската документација што ја прегледав не содржеше никакви информации за парчињата стакло што би останале во раната, доколку истата настанала од удир со шише. Нема други придружни повреди на раката што би ги очекувале во ваков случај“ – изјави д-р Ричард Мур.
– „Во мојата 25-годишна кариера стотици пати сум оперирала повреди како онаа на Деп. Фотографиите и медицинските податоци укажуваат дека повредата не е предизвикана од удар со стаклено шише“ – изјави докторот.
Да потсетиме, неодамна беше утврдено дека Амбер лажела за поголема сума пари, а актерката сведочела за уште еден ужасен инцидент со шишето – таа тврди дека Џони Деп ја силувал со шише во напад на бес.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.