Џон Бон Џови по вторпат на одмор во Дубровник

Светската рок-ѕвезда, Џон Бон Џови со семејството денес доплови и ја закотви својата луксузна јахта во близина на Дубровник. Тие тука ќе поминат дел од летниот одмор, но не се познати деталите околу тоа колку дена ќе останат.
Ова е вторпат како светски познатиот рокер доаѓа во Дубровник. Првиот пат беше во 2011, по завршувањето на концертот во Загреб. Иако јахтата Rarity цел ден беше во центарот на вниманието, а според снимките само од далеку, пејачот и неговото семејство уживаа во пливањето во Јадранското Море и вопшто не дојдоа на брегот.