Џорџ Клуни изјави дека се чувствува нервозен дека ќе излегува на сцената за неговата претстојна претстава „Добра ноќ и среќа“.Клуни изјави дека не глумел во претстава од 1986 година.„Не сум глумел во претстава 40 години, тоа е страшно. Станувам малку нервозен“, тврди тој.
GEORGE CLOONEY llega a #Broadway por primera vez con la adaptación teatral de la película que dirigió en 2025, BUENAS NOCHES, Y BUENA SUERTE. https://t.co/Ax3FiUesUF pic.twitter.com/LwS0Guvk0n— MadridEsTeatro (@TEATROMADRID) February 7, 2025
Покрај улогата во претставата, Клуни ќе работи и како косценарист. Претставата „Добра ноќ и среќа“ е адаптирана од истоимениот филм од 2005 година за Едвард Р. Мароу и неговата работа за време на ловот на вештерки на сенаторот Џозеф Мекарти.„Забавниот дел од тоа е што можеме да направиме претстава за тема што навистина ни е блиску до срцето. Претставата зборува за апсолутната вистина“, рече Клуни.„Добра ноќ и среќа“ ќе се прикажува на Бродвеј од 12 март до 8 јуни.