Ева Лонгорија ужива на одмор со семејството во сончевата Марбеља, Шпанија, а времето го поминува со класични летни активности – како пливање и сончање.
На плажа носела впечатлива летна комбинација во која доминирал костимот за капење во светложолта боја, кој совршено ја истакнувал нејзината исончана кожа.
Американската актерка и режисерка, ја подарила својата доверба на австралискиот луксузен бренд, „Myra Swim“, познат по минималистичките и едноставни костими за капење, а го носела нивниот постар модел од 2020 година.
Летото 2020 година било преполно со пофалби за овој модел, па американскиот магазин, „Vogue“ го нарекол безвременски костим за капење, кој со задоволство ќе се носи во сезоните што доаѓаат.
Ева Лонгорија го искомбинирала костимот за капење со широка кошула во иста боја, а изгледот го комплетирала со апостолки во боја на кожа, очила за сонце и неколку дискретни парчиња златен накит.