Активни се пожарите во Чашка, Велес, на планината Серта и на градската депонија во Делчево

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на подрачјето на Општина Чашка се сѐ уште активни. Информациите говорат дека и покрај дејствувањето на двата хеликоптера и екипите од земја, пожарот помеѓу селата Долно Јаболчиште и Дреново остануваат активни.

Пожарот кај с.Габровник од страна на ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, е делумно локализиран, а од страната на с.Мокрени е активен и се наоѓа во подрачје со густа вегетација и непристапен терен. Загрозеност по населени места за сега не постои. Од страна на градоначалникот на Општина Чашка поднесено е барање за повторно активирање на воздухоплови за двата активни пожари.
-Пожарот кај с. Подлес е се уште активен. На пожарот интервенирале 15 пожарникари и 6 вработени од подружница „Бабуна“.

Пожар настанат на отворен простор на 17.07.2024 година во 10.20 часот во атарот на с.Сирково е изгаснат и во вечерните часови повторно е активиран и се проширува кон с. Мрзен Ораовец и с. Крушевица.  Гори ниска вегетација, ниско стеблеста шума и сува тава. Во текот на денот интервенирале: ТППЕ Кавадарци  со 4  пожарникари и 1 ПП возило, 25 припадници на ЕБР од МВР, месно население и ловџии, 2 булдожера и 2 цистерни и 1 теге од ЈП „Комуналец“ Кавадарци, еден булдожер на „ЈАМИ“ ДООЕЛ Кавадарци, и  еден скип од ЈПКД Росоман.  Од воздух се дејствувало со 3 воздухоплови.

Пожарот кај с. Мрзен Ораовец е со намален интензитет и се прават напори огнот да не премине во друг правец и доста сили и ресурси во моментот се пренасочени кон с. Крушевица.

Активни пожари на територијата на Општина Неготино се на планината Серта во атарот на село Пештерница на место викано Горни Промет и во атарот на село Калањево на место викано Дуњица. Гори нискостеблеста шума, сува трева и грмушки.
На Серта се ангажирани армиски сили, пожарникари од ТППЕ Штип и од Македонија пат.

На пожарот кај с.Калањево ангажирани се  локални ресурси од  страна на Кризниот штаб Неготино:
  • ТППЕ Неготино 10 пожарникари со 2 цистерни;
  • ЈП Комуналец Неготино 7 вработени со 2 цистерни, 2 скипа;
  • Ловно друштво „Вардар Неготино“ со 10 лица;
    ЈП Комуналец Кавадарци 3 вработени со 2 цистерни;
  • ЈП Македонија пат со 10 вработени, 1 грејдер, 1 скип, 10 моторни пили и 1 гасеничар;
  • приватен сектор со 1 возило Бенто;
  • Полициска станица Неготино 10 вработени со 1 дрон и
  • ЈП „Национални шуми“ од Демир Капија 10 вработени;

Во гаснењето на пожарот кај с.Калањево, вчера, во претпладневните часови беа вклучени 2 хелихоптера.

РЦУК – Штип, известува дека реонот на Серта има повеќе пожари и тоа:

Кај село Пиперово интервенирано е со 9 пожарникари, вработен од РЦУК Штип и 4 од локалното население со 2 џипа. Пожарот е сѐ уште активен.
Помеѓу село Селце и село Пухче интервенирано е со 16 пожарникари со 3 ПП возила од ТППЕ Штип, 2 пожарникари со 1 ПП возило на ТППЕ Пробиштип, 1 вработен од РЦУК Штип со 1 џип и 5 лица од локално население. Пожарот е сеуште активен.
Екипите на ТППЕ се повлекуваат до наутро. Ќе има оставено по неколку лица за да ја надгледуваат состојбата.
Од ЈКП „ Брегалница“ Делчево известуваат дека пожарот на градската депонија кој започна на ден 14.07.2024 година е се уште активен, односно дека тлее-гори во внатрешноста на депонијата. На теренот има стражарска служба на ЈКП-Брегалница. (Општина Делчево)

Ангажирани ПП воздухоплови – национални ресурси и од меѓународна помош

Хеликоптери за гаснење пожар::

  • 2 хеликоптера на Полицијата „бел“ 417
  • 2 хеликоптера на Армијата „Ми“ 17
  • 1 хеликоптер меѓународна помош од Турција
  • 1 хеликоптер меѓународна помош од Црна Гора
  • 2 хеликоптера меѓународна помош од Словенија и
  • 1 хеликоптер на Србија.

Авиони за гаснење пожар:

  • 3 авиони „ер-трактор“ на ДЗС
  • 2 авиона „ер-трактор“ меѓународна помош од Турција
    -1 авион „канадер“ од меѓународна помош од Хрватска

-1 авион „спартан“ што исфрла „бомби“ со вода (вкупно околу 5 тони) и еден „херкул“ како придружба – меѓународна помош од Р.Романија

Човечки ресурси, денеска на терен, од армијата и полицијата:

  • 103 војници од Армијата од Штипската касарна, и
  • 30 припадници од специјалните сили од ЕБР

Покрај набројаните човечки ресурси, на терен се и пожарникари од ТППЕ, од Национални шуми, од доброволни ПП друштва, од општински јавни претпријатија, од здруженија на граѓани (планинари, ловци), а и и мештани коишто помагаат во одредени реони за гаснење на пожарите на отворено.

Пронајдете не на следниве мрежи: