Изјавата на академик Попов ги потврди претходните изјави на академик Катица Ќулавкова, која заедно со група академици и Институтот за македонски јазик, вели дека поведоа иницијатива за смена на Балансерот и барале да се однесе случајот до Уставниот суд за отстранување на неколку членови од Законот за употреба на јазиците. Нашата Академија ова го гледа како продолжување на политиките кои им штетат на интересите на Албанците, како грд процес на политизација на МАНУ, поттикнување на етничката нетрпеливост и доказ за слабата работа и раководство на оваа институција, реагираат од Академското здружение на Албанците за наука и уметност.
-Загрижени сме од последниот говор во кој се изразува опасна опсесија на оваа институција за употреба на албанскиот јазик во некои сфери од јавниот живот, како што се армијата, полицијата, здравството и судовите. Нашата Академија ова го гледа како продолжување на политиките кои им штетат на интересите на Албанците, како грд процес на политизација на МАНУ, поттикнување на етничката нетрпеливост и доказ за слабата работа и раководство на оваа институција. Тие, под влијание на САНУ, пред една деценија објавија Енциклопедија која содржеше навреди, стигма и невистини за Албанците – се вели во реакцијата.
Претседателот на МАНУ, академик Живко М. Попов на одбележувањето на Денот на Академијата порача дека во Македонија, како и во сите унитарни земји од регионот и насекаде во светот, постои само една национална академија која ја претставува државата во европската и во други меѓународни асоцијации на академии.
-Оттука актуелниот притисок за формирање на моноетничка албанска академија е нерационален и неоснован. Но, согласно практиката во други држави, може да се формираат научно-уметнички друштва како граѓански здруженија, или Академии во рамките на професионалните асоцијации од одредени области (на пример Академија за архитектура, правни науки и слично) – додаде тој.